
Вака се однесува мажот кој не ја сака својата жена: Најпознатиот психолог ги открива знаците и сигналите
Многу дами се прашуваат како се однесува сопругот кога ќе престане да ја сака сопругата, а одговорот го дава познатиот руски психолог.
Препорачано
За љубовта се напишани безброј книги. Тие се пишуваат денес, а ќе се пишуваат и во иднина, но секогаш некако молчешкум се преминува на другата страна на медалот – рамнодушноста. Често не ја забележуваат или ја мешаат со нејзината поубава страна.
Болно е чувството кога ќе сфатиме дека личноста со која сме долго време во врска или брак повеќе не нè сака. Рускиот психолог Ана Кирјанова напиша неколку дела во кои фокусот го ставила на машко-женските односи. Таа во своите дела се занимава со главните причини за несреќните врски во кои се наоѓаат некои парови. Психологот тврди дека постојат сигнали кои покажуваат дека вашиот маж повеќе не ве сака како порано.
Таа опишала како изгледа маж којшто повеќе не ја сака својата сопруга, а жените низ светот биле едногласни во тврдењата на Ана.
– Не те сака доколку: не те прегрнува спонтано, не разговара со тебе за ситници, не ти се јавува да те прашува како си среде работен ден…
– Не те сака доколку: не можеш да сметаш на негова помош. Kога мора да се грижиш за него како да е дете, а не возрасен маж.
– Не те сака: кога те исмејува, кога не те забележува тебе ниту твојот труд и работа. Kога ти вели дека јадеш многу или дека не може да ја јаде твојата храна зошто не е онаква на каква што тој навикнал.
– Не те сака кога постојано ти се меша во тоа што го правиш, своите одлуки ги подметнува како твои, кога ти вели дека зборуваш глупости, дека не размислуваш со своја глава, дека си глупава доколку мислиш така…
– Не те сака кога ти вели: ти си виновна.
– Не те сака: кога ништо што ти ќе направиш или кажеш не му одговара или не го одобрува.
– Не те сака доколку секое „те сакам“ мора да го побараш од него.
Жената која не го сака својот сопруг со текот на времето станува скршена, плашлива, невешта затоа што тоа може да го направи само недостатокот на љубов.