
Вака изгледа предупредувачката пот: Нема никаква врска со пеколните горештини
Нема ништо пријатно во потењето, но ако забележите „сладок“ мирис, можеби ќе помислите дека тоа е подобро од непријатниот мирис. Според зборовите на ендокринологот од Њујорк, д-р Дина Адимулам-Гупра, таквиот мирис е знак дека нешто не е во ред со вашето здравје.
Препорачано
1. Мирис – овошен
Причина: Дијабетична кетоацидоза
Ако вашата пот мириса на овошје (ова може да биде мирисот од вашиот здив или урината), тоа може да биде знак за дијабетична кетоацидоза, сериозна компликација на дијабетесот.
„Ова се појавува кај луѓето со дијабетес, особено тип 1, кога нивоата на гликоза во крвта не се правилно контролирани“, објаснува д-р Гупта.
Кога нивоата на гликоза се превисоки и нема доволно инсулин за да ги намали, телото почнува да произведува кетони – хемикалии коишто црниот дроб ги произведува кога ги разградува мастите. Овие кетони можат да ѝ дадат на потта сладок мирис.
Дополнителни симптоми:
– прекумерна жед
– често мокрење
– гадење и повраќање
– болки во стомакот
– слабост или замор
– тешко дишење
– збунетост
Ако ги забележите овие симптоми, веднаш посетете лекар. Дијабетичната кетоацидоза бара итен третман со инсулин и инфузија со течности. Ако не се лекува, може да доведе до кома или дури и смрт.
2. Мирис – загорен шеќер или јаворов сируп
Причина: Болест на урината со мирис на јаворов сируп
Ако вашата пот, урина или ушниот восок мирисаат на загорен шеќер, може да имате ретка наследна болест наречена болест на урината со мирис на јаворов сируп. Тоа е генетско нарушување поради недостиг на ензим кој помага во разградувањето на одредени аминокиселини во телото. Ова доведува до натрупување на тие аминокиселини кои можат да предизвикаат сладок мирис.
Дополнителни симптоми:
– губење на апетитот, повраќање, раздразливост
– замор, слабост
– проблеми со мускулниот тонус
– абнормални движења на мускулите
– заостанување во развојот
– конвулзии или кома (во напредни случаи)
Третманот вклучува промени во исхраната со цел ограничување на протеините што ги содржат овие аминокиселини. Во некои случаи, потребна е трансплантација на црниот дроб.