В недела на Школка маскенбал за кучиња, за најдобрите ќе има и награди

Фото: ЈП„Лајка“

Облечете го вашето домашно милениче во неговиот најатрактивен костим, не заборавајте да се маскирате и вие и дојдете на маскенбалот на ЈП „Лајка“ на Школка во Градски парк на 14 април во 12 часот. Ќе избираме најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобрите и најинвентивни учесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди, ги повикуваат од ЈП „Лајка“ граѓаните на настанот што ќе се одржи в недела во Градски парк.

Оттаму додаваат дека како и сите други настани на јавното претпријатие, така и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста од посвојувањето бездомно куче.

 Без разлика дали сте искусен сопственик на домашно милениче или размислувате да додадете миленик во вашето семејство, овој настан е за вас – велат од „Лајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот