В недела ќе се чисти центарот на Скопје

Паркингот спроти хотелот „Холидеј ин / Фото: Слободен печат

Иницијативата „За почиста Македонија“ в недела организира акција за чистење на центарот на Скопје.

– По текот на улицата од „Холидеј ин“ до Олимписки базен, на целиот паркинг спроти „Холидеј ин“ и по тесните сокаци меѓу старите куќи во Ново Маало, е преполно со шишиња пиво, хартии, догорчиња и амбалажа. Да затегнеме ракавици, да заигра некоја метла и со многу малку труд за неполни 2 часа ова место повторно ќе заблеска, а и ќе инспирираме и нови луѓе да ни се приклучат на следните акции, заедно кревајќи ја општата свест за преземање акција кон почиста иднина – велат организаторите на акцијата.

Од Иницијативата информираат дека збирното место на сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во акцијата е на паркингот кај „Холидеј ин“ на улицата Мирче Ацев, во 17.30 часот.

– Ние носиме музика, добри вибрации, ќеси, ракавици и нови пријатели. Вие понесете желба за промена. За почиста Македонија! – велат организаторите.

Акцијата е организирана како дел од проектот „Еко турнеја – Македонија“ и е финансиран од Фондацијата Отворено општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот