Ужас во Нови Сад: Маж и жена се фрлиле од зграда, претходно ги убиле своите деца

Петроварадин: Фото - Слободен печат/Анета Стојковска

Граѓаните на Нови Сад синоќа беа сериозно вознемирени по веста дека млада брачна двојка си го одзеле животот скокајќи од солитер. Информациите кои денеска ги споделува Нова.рс.укажуваат на сомневање дека тие претходно ги убиле сопствените деца.

Портпаролот на ПУ Нови Сад потврди дека полицијата пронашла безживотни тела на две деца на адресата на која  живееле сопружниците.

„На повик на полицијата интервенирала екипа на Итна медицинска помош и констатирала смрт на две машки деца родени во 2020 и 2023 година“, соопшти  портпаролот на новосадската Итна помош, д-р Зоран Круљ.

Во Петроварадин, каде што живеела брачната двојка пронајдени се тела на две момчиња на возраст од 1 и 3 години.

Засега е непознато, како се случила оваа трагедија. Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот