фото МИА

Утрото ведро и свежо — денот ќе биде сончев и ветровит

Утрото денеска е ведро и посвежо, а времето низ денот ќе биде сончево, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветар (над 60 километри/час).

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 15 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ќе изнесуваат од 19 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот