Утре пак ќе врне, на планините и снег

Дождливо време / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Времето утре ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен и повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.), прогнозираат метеоролозите.

Според УХМР, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по одделни котлини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот