Утре и в сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

дожд скопе
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а в сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло време.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини со повремен слаб снег. Локално краткотрајно врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи, а до крајот на денот насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Времето во скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи до 15 степени целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот