Утре делови од скопските општини без струја

струја

Без напојување со електрична енергија утре ќе бидат корисниците во делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров, информира РЦУК по известување од ЕВН Македонија.

Во периодот од 05.30 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Ракотинци и Горно Соње, дел од корисниците од село Долно Соње, објектите на војската во Сопиште, како и дел од корисниците од општината Сопиште.

Oд 9 до 12 часот, пак, без струја ќе бидат објектите лоцирани на улица 95 во населбата Волково, а од 9 до 15 часот, дел од корисниците од село Кучково во општината Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот