Уште една трагедија на патиштата – жена од Србија загина на автопатот кај Велес, детето и сопругот се повредени

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

36-годишна жена од Србија загинала рано утрово на автопатот меѓу Градско и Велес, кога автомобилот управуван од нејзиниот сопруг излетал од патот, соопшти полицијата.

„На 21.07.2022 околу 02.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, во правец Градско-Велес, патничко возило „Рено”, со српски национални ознаки, управувано од Г.Ј.(41) од Република Србија, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Велес“, се вели во полициското соопштение.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот