Уште 22 навивачи на Динамо се пуштени од грчките затвори

фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Уште 22 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо се ослободени од грчките затвори, со што бројот на ослободените до сега е 63, соопшти денеска хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

Се наведува дека согласно инструкциите на Владата, преку Амбасадата на Хрватска во Атина, на сите им била понудена финансиска помош при враќањето во Хрватска, како и можност за плаќање гаранција со подоцнежен рефунд за да се забрза процедурата.

Додаваат дека оваа понуда не била искористена бидејќи кауцијата ја платил адвокатот на навивачите.

Хрватската амбасада досега има обезбедено финансиска помош за набавка на авионски билети и други патни трошоци за 38 навивачи, а издадени се и 14 патни исправи.

Навивачите на Динамо беа уапсени во август годинава по нередите во кои беше убиен навивач на грчкиот АЕК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот