Упорно повторувам дека бесплатен јавен превоз ќе има, вели Данела Арсовска

Данела Арсовска на прес пред Универзалната сала / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е категорична дека бесплатен јавен превоз во главниот град ќе има.

-Јас упорно го повторувам тоа и покрај сите манипулации кои што од страна на политичките опоненти, за кои што не би требало јас да сум им противник како градоначалничка. Ќе се реализира програмата како што е напишана и тие добро го знаат тоа, етапно во фази и преку прилагодување. Треба да се овозможи за граѓаните да си ги добијат ветените проекти, рече Арсовска во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот