фото: Girgász Péter/MKOSZ

Унгарските кошаркари совладани во Орадеа пред мечот против Македонија

Денеска во второто коло од групата Б во претквалификациите за пласман на Светскиот куп 2027 кошаркарската репрезентација на Романија на домашен терен со 76:64 триумфираше над Унгарија.

Тоа е веќе втора победа за Романците по стартниот триумф во Скопје против Македонија и моментно се на првото место со четири бодови.

Мачука беше најефикасен во победничката селекција со 21 поен (седум скокови).

На спротивната страна за Унгарија Перл имаше 15 поени, додека Реуверс 14 поени и осум скокови.

Унгарците се следниот противник избраниците на селекторот Марјан Илиевски на 9 август во Шолнок.

Илиевски кажа дека Унгарија применува брза и модерна кошарка. Повеќе ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот