Улицата Мите Богоевски во Лисиче ќе биде целосно обновена

Летните денови, Општина Аеродром ги користи за инвестициите во инфраструктурата кои продолжуваат и овој месец. Оттаму информираат дека реконструкцијата на улицата Мите Богоевски опфаќа поставување нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација.

Реализираме проекти кои го олеснуваат движењето и ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот во Аеродром. Со реализација на овој проект аеродромци добиваат уште една целосно реконструирана улица, а граѓаните на населба Лисиче сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста на населбата. Станува збор за проект кој го реализира Општина Аеродром, со средства од Светска Банка, добиени преку Министерство за транспорт и врски – велат од Аеродром.

Оттаму додаваат дека новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршување на низа важни проекти на повеќе локации во општината говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот