Украинските војници од Змискиот Остров се живи

Змискиот остров на Црното Море/ Фото: Фејсбук

Бранителите на малиот украински Змиски Остров во Црното море сепак се живи, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на информации од официјални владини тела.

Вчера беше објавено дека војниците се можеби живи, а денеска украинските новинари потврдија и рекоа дека сега моментално се руски заробеници.

Украинската војска објави соопштение во кое велат дека првичните информации биле дека војниците од овој остров се убиени и дека не било можно да се испрати помош бидејќи Русите ги заробиле цивилите кои се упатиле таму.

-Среќни сме што нашите браќа се живи и здрави, беше соопштено.

И претседателот Зеленски и СБГСУ во петокот објавија дека сите војници се убиени откако руските сили го зазедоа малиот остров.

-Првичните информации дека граничарите се мртви стигнаа пред да изгубиме контакт со нив, стои во соопштението.

Руски генерал во петокот соопшти дека 82 украински војници го положиле оружјето и доброволно се предале на единиците на руските вооружени сили.

Во соопштението се додава дека руските медиуми известиле оти украинските војници биле пратени на Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот