Украинскиот претседател го повика папата да посредува меѓу Киев и Москва

Profimedia
Фото: Профимедиа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика папата Франциско да биде посредник во преговорите меѓу Киев и Москва, кои ја започнаа војната против Украина на крајот на февруари.

„Би ја цениле улогата на посредникот на Светата столица во ставањето крај на човечкото страдање во Украина“, напиша Зеленски на Твитер по телефонскиот разговор со папата.

Таа изјава Зеленски ја даде веднаш по денешната одделна оценка на Кремљ дека преговорите меѓу Русија и Украина не се доволно „суштински“.

Зеленски, исто така, рече дека го информирал папата за тешката хуманитарна ситуација и блокадата на хуманитарните коридори од руските војници, а во исто време му се заблагодарил за „молитвите за Украина и за мирот“.

Од почетокот на руската офанзива во која загинаа илјадници луѓе, особено меѓу украинските цивили, папата Франциско упати неколку апели за мир.

Претежно православната Украина има големо грчко католичко малцинство поврзано со Ватикан, кое е концентрирано на западот на земјата.

Девет отсто од Украинците велат дека припаѓаат на таа црква, 58 отсто на независната православна црква и 25 отсто на православната црква поврзана со Московската патријаршија, според анкетата од 2021 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот