Украинскиот парламент одлучи дека територијалните отстапки не можат да бидат услов за завршување на војната

Украина парламент /фото: МИА

Пратениците на Долниот дом на украинскиот парламент вчера усвоија резолуција со која се исклучуваат какви било територијални отстапки за ставање крај на конфликтот во Украина.

„Законот укажува дека секакви територијални отстапки за ставање крај на конфликтот се неприфатливи“, се вели во соопштението на украинскиот парламент објавено на социјалната мрежа Телеграм.

Високиот функционер на НАТО, Стиан Јенсен, пред неколку дена тврдеше дека Украина ќе мора да се откаже од дел од територијата што моментално ја контролира Русија, доколку сака да се приклучи на НАТО и да обезбеди мир.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак, беше внимателен во одговорите на прашањето што ќе треба да направи Украина за да ја прекине војната и рече дека оваа одлука зависи од неа.

За овие шпекулации се огласи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на неговата посета на Данска, кога се пошегува дека во замена за мир и влез во НАТО, може да му даде само Белгород – руски град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот