Украинскиот министер за одбрана Умеров: Оружјето од западот се доставува, но со задоцнување

Рустем Умеров, нов министер за одбрана на Украина - Извор/ Фејсбук

Половина од оружјето што западот му го вети на Киев се доставува со задоцнување, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

На форумот што се одржа во Киев по повод втората годишнина од руската инвазија, Умеров рече дека поради овие доцнења Украина „губи луѓе и губи територии“.

Според него, 50 отсто од ветеното оружје не било навреме испорачано.

Во исто време, украинскиот премиер Денис Шмигал денеска изрази уверување дека САД „нема да го препуштат“ Киев на Русија и дека на крајот ќе одобри помош за Украина.

Новиот пакет помош од 60 милијарди долари е блокиран во американскиот Конгрес поради политичките поделби меѓу републиканците и демократите, а помошта од Европската унија, која исто така беше одложена, беше потврдена во февруари.

Во последните денови, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано апелираше до неговите западни сојузници побрзо да достават воена помош до Киев.

Тој ги повика западните земји да и обезбедат на Украина муниција, повеќе системи за противвоздушна одбрана и борбени авиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот