Украина тврди дека соборила 12 од 15 дронови лансирани од Русија

Фото: Принтскрин - Јутјуб

Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 12 од 15 дронови Шахед, лансирани од Русија.

Дроновите се соборени над Дњепропетровск, Доњецк и Полтавска област.

Руско беспилотно летало синоќа погоди фабрика во околината на градот Кривји Рих, соопшти шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.

Нападот предизвикал пожар, но сè уште нема информации за евентуални жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот