Украина презентираше докази дека Русија истрелала севернокорејски ракети кон градот Харков

Украински војници во Маринка / Фото: Oleksii FILIPPOV / AFP / Profimedia

Обвинителството на украинската област Харков денеска презентираше нови докази дека Русија ја нападнала Украина со проектили доставени од Северна Кореја.

Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, вчера ја потврди информацијата на САД дека за прв пат од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, Москва неделава употребила севернокорејски балистички ракети за да ја нападне Украина.

Прес-секретарот на канцеларијата на регионалното обвинителство во Харков, Дмитро Чубенко, рече дека предметната ракета, една од неколкуте испукани во Харков на 2 јануари, е различна по тип и дизајн од руските модели.

Русија оваа недела го нападна северниот град Харков, втор по големина во Украина – со неколку ракети, при што загинаа двајца и беа повредени повеќе од 60 луѓе во еден од нејзините најмасовни ракетни и беспилотни напади од почетокот на инвазијата на соседната земја пред речиси две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот