Знаме на Украина/ Фото MANDEL NGAN / AFP / Profimedia

Украина потврди дека ќе преговара со Русите на границата со Белорусија

Украина денеска потврди дека се согласила да преговара со руската страна за прекин на огнот, а средбата ќе се одржи на границата меѓу Украина и Белорусија. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по телефонскиот разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко, се согласил украинската делегација да се сретне со руските претставници на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, јавуваат медиумите.

Зеленски на својот официјален канал на Телеграм соопшти дека ќе се водат безусловни разговори, и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин денеска ги засили тензиите откако ги стави руските нуклеарни сили во состојба на борбена готовност.

„Се согласиве дека украинската делегација ќе се сретне со руската делегација без претходни услови, на украинско-белоруската граница, блиску до реката Припјат“, напиша Зеленски.

Украина се согласи на преговори во Гомел во Белорусија, а руската делегација ќе оди таму, изјави претходно членoт на руската делегација Владимир Медински, јавија руски медиуми.

Медински рече дека руската делегација веќе имала намера да замине, но дека од украинската страна добила информација за потврда на преговорите.

„Потврда за разговорите добивме околу 15 часот, разговорите ќе се одржат во регионот Гомел, како што предложивме“, рече тој во руската амбасада во Минск.

Претходно, Зеленски соопшти дека ги одбива предлозите на Русија преговорите да се одржат во Белорусија, за која рече дека е учесник во агресијата на неговата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот