Украина ќе добие 2,65 милијарди долари помош од Холандија

Марк Руте
Марк Руте, премиерот на Холандија / 18 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Холандија ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 2,65 милијарди долари, соопшти холандската Влада.

Средствата се наменети за воена помош, обнова на инфраструктурата и помош при истраги за потенцијални воени злосторства, нагласија од Владата.

Се додека Русија ја продолжува својата војна против Украина, Холандија ќе и пружи помош на Украина – воена, хуманитарна и дипломатска, напиша холандскиот премиер Марк Руте на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот