Украина ги негира обвинувањата на Русија за нападот на Белгород

МНР Украина/ Фото: МИА

Највисокиот функционер за безбедност на Украина ги отфрли обвинувањата на Русија дека Украина стои зад нападот на складиштето за нафта во рускиот град Белгород.

Во говор на националната телевизија, секретарот на Советот за безбедност Олексеј Данилов ги негираше руските обвинувања.

– Поради некоја причина тврдат дека сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не соодветствува со фактите, рече Данилов.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков претходно денеска изјави дека пожарот што избувна во складиште за нафта во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина е предизвикан од воздушни напади што ги извршиле два украински хеликоптери, кои навлегле во рускиот воздушен простор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот