Украдени тркачки велосипеди „Пинарело“ во вредност од 250.000 евра

EPA/KIM LUDBROOK

Во Тревизо, Италија, дрските арамии украле 19 велосипеди од познатата марка и тоа во два наврати, во растојание од неколку часа

Велосипеди во вредност од 250.000 евра биле украдени во Тревизо, пишуваат италијанските медиуми. Тие биле од познатиот италијански производител на тркачки велосипеди „Пинарело“.

Велосипедите, вкупно 19, биле украдени од продавница и тоа во два наврати во растојание од неколку часа?!

Прво била украдени 12 велосипеди, а потоа полицијата пристигнала. Но, откако полицијата заминала, по неколку часа крадците се вратиле и украле уште седум велосипеди?!

Не е прв случај да има масовен грабеж на велосипеди од високата класа „Пинарело“.

Во 2021 година, 22 велосипеди „Пинарело“, во вредност од 600.000 евра, кои припаѓале на италијанската репрезентација биле украдени од комбе паркирано пред нивниот хотел за време на Светското првенство во Рубе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот