твитер

УЕФА го признава поразот, нема да завршат сите првенства

Европската фудбалска федерација денеска прво демантира дека Светската здравствена организација побарала да го суспендира фудбалот на 18 месеци, но исто така и го призна поразот во поглед на инсистирањето националните првенства да се одиграат до крајот.

УЕФА вчера на официјалниот сајт објави соопштение во кое бара домашните првенства задолжително да се одиграат до крајот, но денеска таа одлука е „преработена“ и во неа е имплементирана нова ставка.

Даваме силни препораки домашните првенства и купови да се одиграат до крај иако е разбирливо дека ќе има посебни случаи. Поради тоа УЕФА моментно потготвува препораки кои се поврзани за екипите кои треба да играат во европските купови од земјите во кои нема да може да се доиграат првенствата до крај“, стои во новото соопштение.

Со ова соопштение УЕФА го призна поразот по одлуката на холандската влада да го суспендира спортот до септември поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот