Весна Јаневска / Фото: Телма / скриншот

Училиштата кои не нарачале доволно учебници по казна ќе си ги печатат сами, најави Јаневска

„Факт е дека дел од училиштата не го нарачаа соодветниот број на учебници. Сега казната за нив е што треба да ги отпачатат учебниците и да им ги дадат на родителите“, рече вечерва министерката за образование Весна Јаневска во гостување на емисијата „Вин-вин“ на „Телма“.

„Видовме дека бавно и тешко оди процесот. На училиштата им рековме да нарачаат учебници, но сепак дел од нив не го нарачаа потребниот број“, рече таа.

Според министерката, некои родители тоа и самите го прават и не ги чекаат училиштата да им ги испечатат учебниците.

Јаневска посочи и на тоа дека издавачките куќи имаат право десет отсто од учебниците да ги пуштат во слободна продажба, по истата цена утврдена со закон, по која што ги откупило Министерството за образование и наука (МОН).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот