Учениците во Хубеи се вратија во училишните клупи (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Во Кина денеска се пријавени два нови случаи на коронавирусот, додека провинцијата Хубеи, некогашното жариште на епидемијата бележи 32 дена без нов случај на заразата.

Тоа се смета за најголемото достигнување во кинеската борба против Ковид-19, додека земјата ги ублажува рестрикциите и полека се враќа на нормален живот, пренесува Би-Би-Си.

Вухан денеска, после четири месеци, ги отвори училиштата. Постарите ученици кои се спремаат за завршните испити се вратија во школските клупи.

Денеска во целата Кина се пријавени само два нови случаи, така што вкупно од почетокот на епидемијата се регистрирани 82.883 заразени, а 4.633 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот