Ученичка го запалила интернатот во Гвајана зашто наставниците и го одзеле мобилниот телефон

Ученичка го подметнала пожарот во интернатот во Гвајана, во кој загинаа 19 деца, откако управата на домот и го одзела мобилниот телефон, соопшти полицијата.

Пожарот го зафатил интернатот во училиштето во Махди, град во централниот дел на јужноамериканската земја Гвајана во понеделникот околу полноќ, а повеќето од децата, од кои најмалото имало пет години, починале на лице место, пренесуваат британските медиуми.

Ученичката е осомничена дека го подметнала разорниот пожар бидејќи дежурните наставници и го одзеле мобилниот телефон, се наведува во вчерашното соопштение на полицијата.

Градоначалникот на Махди, Дејвид Адамс, претходно за британските медиуми ја потврди наводната вмешаност на ученичката и објави дека таа не е повредена во пожарот.

Тој додаде дека не може да потврди дали ученичката  во притвор, а во полициското соопштение не се споменува апсење, наведуваат британските медиуми.

Речиси 30 други деца се хоспитализирани поради повредите здобиени во овој пожар.

Специјалисти за изгореници, психијатри и друг медицински персонал ги лекувале повредените деца и нивните семејства, соопштија здравствените власти.

Претседателот Ирфан Али во понеделникот по посетата на болницата во Махди се состана со родителите на жртвите и прогласи тридневна национална жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот