Убиен познат рапер на 26 години: Бил застрелан среде улиците во Амстердам

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Данзел Силос, познат холандски рапер кој се прослави како Бигидаго, е убиен во Амстердам во неделата наутро. Бигидаго е застрелан на сред улица, во близина на автобуска станица, а целата драма се одвивала околу 5:30 часот наутро во индустриската зона во Амстердам. Имаше само 26 години, пишува „Брасел тајмс“.

Како што пренесуваат медиумите, раперот се здобил со повеќекратни рани од куршуми и набрзо починал во болница. Полициски патроли ја започнаа истрагата и вршат увид на местото на несреќата. Инаку, ова не е првпат Данзел да биде застрелан, тој во август 2020 година бил ранет во пукање.

Животот на Бигидаго се состои од контрасти. Од едната страна, беше надарен уметник, член на хип-хоп групата „Зона 6“, кој имаше околу 120.000 следбеници на социјалните мрежи со неговите сурови, нефилтрирани наративи за уличниот живот, амбициите и искупувањето. Од друга страна, беше млад човек вовлечен во контроверзии, како судењето за наводна закана и киднапирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот