Убава вест: Микел Хансен ја победи депресијата

Фото: EPA-EFE/Bo Amstrup

Данскиот репрезентативец и еден од најдобрите ракометари во светот, Микел Хансен се враќа на терените и ќе заигра во дресот на Алборг.

Данецот во февруари оваа година соопшти дека поради стрес и депресија ќе биде отсутен до крајот на сезоната, а на тоа се одлучи по освојувањето на светското злато со репрезентацијата.

Во мај Хансен се врати на тренинзите и сега е спремен да заигра на терените на почетокот на новата сезона.

„Микел влезе во полн тренажен процес и е дел од тимот. Полека влегува во орма и очекуваме наскоро да биде спремен да даде 100% од своите можности“, изјави Јан Ларсен, директорот на клубот.

Пролетта 2022 година, Хансен се соочи со здравствени проблеми кој настана поради операција на коленото, а јавноста сметаше дека токму тоа е една од причините за лошата состојба со која се соочи еден од најдобрите светски ракометари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот