Уапсени се уште тројца осомничени во врска со терористичкиот напад во Москва

epa11244843

За масакрот во Москва уапсени се уште три лица – татко и два сина, поради сомнеж дека им помагале на терористите.

Браќата Аминчон и Диловар Исломов, како и нивниот татко Исроил Исломов, денеска се појавија пред судот во Басмани обвинети за помагање и поттикнување тероризам и беа осудени на истражен притвор во високобезбедносен објект до 22 мај.

Тие се обвинети дека биле дел од ќелијата на ИСИС, која го изврши нападот и помогна во планирањето на бегството на вооружените лица, кои отворија оган врз посетителите на концертот во „Crocus City Hall“ во близина на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот