Уапсени две лица за шверцување лекови

лекови

Полицијата од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север во саботата ги приведе Р.А.(64) од липковско Лојане и С.Р.(54) од Куманово кои се обиделе да шверцуваат 190 кутии „далерон“, без соодветна докукментација.

Како што денеска соопштија од МВР, кај липковското село Злокуќане, при обид за илегален излез од Северна Македонија, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А., во кое сопатник бил С.Р., при што биле пронајдени и одземени 190 кутии со по 500 таблети „далерон“, без соодветна документација.

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот