Уапсена жената која ја изгладнувала лавицата Кики: Имала егзотични полжави во станот

Зоолошка градина Палиќ/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Полицијата на Суботица ја пронашла жената која ја изгладнувала малата лавица Кики, која беше пронајдена покрај пат во Србија, а подоцна почина во зоолошката градина Паличќ.

При претресот на станот што го користела осомничената, полицијата пронашла и 18 африкански албино џиновски полжави, кои се забранети за чување и кои и биле одземени и сместени во зоолошката градина Палиќ.

Малата лавица Кики беше пронајдена како лута во лоша состојба во близина на Суботица на крајот на септември, а вработените во зоолошката градина Палиќ се грижеа за лавицата и ја сместија во нивното засолниште. За жал, младата лавица Кики почина на 6 октомври околу 21 часот и покрај сите напори на ветеринарите да ја опорават.

Припадници на МВР во Суботица по наредба на Основниот јавен обвинител во Суботица ќе поднесат кривична пријава против триесет и тригодишната жена од Суботица поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела убивање и злоупотреба на животни и уништување, оштетување, изнесување во странство и внесување во Србија заштитено природно богатство.

Зоолошката градина Палиќ: Почина лавицата Кики која беше најдена покрај пат во Србија

Зоолошката градина Палиќ: Лавицата Кики страда, вакви животни не можат да се чуваат како миленици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот