Уапсена уште една надрилекарка во Србија: Со естетски корекции осакатила 11 жени

По наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, денес е уапсена Олгица Маркановиќ. Таа е осомничена за незаконско давање на медицински услуги од областа на естетиката и предизвикување здравствени проблеми кај 11 жртви.

Таа е обвинета за сериозни злосторства против здравјето на луѓето, надрилекарство и надриаптекарство.

По пријавите и проверките во Министерството за здравство, Обвинителството изврши дополнителни проверки, по што е утврдено дека, засега, 11 жртви пријавиле дека се оштетени од Маркановиќ.

Сите тие имале здравствени проблеми по добиената, незаконска медицинска услуга која ја нудела Маркановиќ. Покрај телесните повреди и жртвите пријавиле дека имаат и нарушено здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот