Уапсен син на политичар од БиХ – возејќи пијан усмрти тројца млади

Кантоналниот суд во Мостар донесе одлука со која му одреди на Марко Шљивиќ едномесечен притвор за предизвикување сообраќајна несреќа во која загинаа три лица во близина на Почитељ. Тој е син на Паво Шљивиќ, истакнат член на партијата на босанските Хрвати – ХДЗ во БиХ, кој со години одржуваше високи позиции во политичкиот и јавниот живот на Федерацијата.

Како што јавува телевизијата Н1, притворот на Марко Шљивиќ се смета од 31 мај 2025 година во 11:00 часот, кога е уапсен, а е одреден по предлог на Обвинителството на Мостар поради основано сомнение дека сторил „тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај“ и „загрозување на јавниот сообраќај“ од Кривичниот законик на Федерацијата на БиХ.

Шљивиќ е обвинет за управување со возило под дејство на алкохол на 31 мај 2025 година, на автопатот М-17, во селото Шеваш Њиве, град Чапљина, иако бил свесен дека не му е дозволено да вози во таква состојба.

„Тој предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која возачот А.Ц. и сопатниците Е.К. и Д.Ж. загинале на местото на настанот. Во несреќата повредени се возачите Џ.Ш. и самиот Марко Шљивиќ, а причинета е значителна материјална штета на три возила и заштитна метална ограда“, соопшти судот.

Бих

Поради оваа трагедија што ја потресе Босна и Херцеговина, вчера во Мостар беше прогласен Ден на жалост. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!