Уапсен менаџер на кафуле во Охрид, не ги пуштал полицајците да ја измерат бучавата од локалот

Кичевчанец, менаџер на угостителски локал во Охрид, им се спротивставил на полицајци кои мереле бучава во неговото кафуле, по што бил уапсен, соопшти полицијата.

„На 16.07.2022 во СВР Охрид лишен од слобода е Б.А.(25) од Кичево, одговорно лице во угостителски објект во Охрид. Тој, претходно им се спротивставил на полициските службеници кои, со фонометар извршиле мерење на бучавост од гласна музика во објектот и констатирале бучавост од 79 децибели односно зголемување од максимално дозволената од 55 децибели“, велат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против одговорното и против правното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот