Фото: Мета.мк

Уапсен е насилник од Турција, ја тепал сопругата-охриѓанка и членови на нејзиното семејство

Вчера во Охрид бил уапсен 32-годишен државјанин на Турција, кој би пријавен дека ја напаѓал сопругата од Охрид, но и други членови на нејзиното семејство, соопшти МВР.

„На 05.10.2025 во 10:35 часот на улица „Радојица Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (32)г. од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја напаѓал неговата 31 – годишна сопруга од Охрид и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „телесна повреда“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот