фото: ФФМ

У21: Македонските фудбалски надежи бркаат нов триумф над Шведска

По победата над Гибралтар (1:0) пред пет дена, македонската фудбалска У21 репрезентација ќе се обиде да оствари нов триумф во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Денеска противник на избраниците на селекторот Драги Канатларовски во квалификациската група „Ц“ ќе биде селекцијата на Шведска со почеток од 14.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Потсетување дека квалификацискиот циклус нашите фудбалски надежи го стартуваа со сензационална победа на гости против еден од фаворитите во групата со 1:0, но потоа следуваа три порази во низа од Холандија (2:0), Молдавија (2:1) и Грузија (1:0).

Моментно на табелата води Холандија со 21 бод, пред Грузија која има 10, следува Шведска со седум п по шест Молдавија и Македонија, а последен е Гибралтар (три).

Канатларовски вели дека Шведска ќе има желба за одмазда, но и неговите репрезентативци ќе се прашуваат за резултатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот