Тутунарската мака ќе се решава со институциите и откупувачите

Архива на СП

Продолжува откупот на тутунот, а продолжувa и битката на тутунарите за реално купување на родот и преземање на вишокот тутун. Oд Сојузот на земјоделските здруженија на Макеоднија и од Иницијативниот одбор на тутунарите најавуваат преговори и разговори во текот на наредната недела со владините институции и со откупувачите, што сметаaт, треба да го реши текот на откупната кампања зашто треба да се преземат најголемите количества тутун, преку 19.000 тони.

Според Менде Стоманроски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија ситуацијата на теренот е речиси непроменета, а просечната цена останата на 167 денари. Барањата се доставени до министерството за земјоделство, до инспекторатот, до премиерот.

– Идната недела треба да имаме состанок со министерот за земјоделство Хоџа, со премиерот.  На теренот ситуацијата е речиси непроменета од пред празниците. Ние бараме да се купува според класите, а не според шифри што дел компании продолжуваат тоа да го прават, да се зголеми динамиката, иако минимално е зголемена, но не доволно, сѐ уште не се купува вишокот тутун, а треба, според ветувањето на Министерството, да се купат и преку 430 тони од компанијата „Далија табак” која не почна откуп. Многу ќе зависи од најавената средба со министерството за земјоделство и со откупувачите, вели Стомнароски.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на тутунарите вели дека битката за решавање на тутунарската мака останува докрај.

– Протестите се во мирување, многу зависи в среда од средбата во министерството за земјоделство која штотуку ни ја најавија. Но проблеми може да настанат кога ќе се откупуваат големите количества, зашто за преземање се речиси 20 000 тони тутун. Тогаш, кога врeмето ќе измине, ќе биде голема нервоза кај тутунарите, изјави Мирчески.

За откуп до крајот на февруари остануваат над 18 000 тони тутун. Досега се откупени преку 6.300 со просечна цена од 167 денари за килограм. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот