Турскиот министер за надворешни во Катар имаше средба со официјален претставник на Хамас
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се сретна со шефот на палестинската милитантна организација Хамас, Исмаил Ханија, за време на посетата на Катар, објавува Анадолија.
Цитирајќи дипломатски извори, Анадолија јавила дека прашањата за кои разговарале Фидан и Ханија вклучувале прекин на огнот во војната во Газа и ослободување на заложниците.
Според медиумските написи, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да се сретне со Ханија во Турција викендов.
Ердоган уште еднаш ја нападна Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рече дека израелскиот премиер е одговорен за смртта на илјадници деца и оти „одамна го надминал Хитлер“.
Ердоган во минатото постојано го споредуваше Нетанјаху со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и го обвини шефот на израелската влада дека извршил „масакр“ во Појасот Газа. Израел постојано и цврсто ги отфрла изјавите на Ердоган.
Засега не се знае кога точно ќе се одржи средбата меѓу Ердоган и Ханије.