Турски лекар создаде тест за откривање на коронавирус преку урина

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Турски лекар, специјалист за физикална терапија и рехабилитација, Мехмет Сехан Курулмус разви сет кој го детектира коронавирусот во примерок од урина, јавува Агенцијата Анадолу  (АА).

Тој рече дека на развојот на сетот работел од март годинава и дека со помош на тој тест за само 15 секунди може да се детектираат специфичните елементи на коронавирусот кој предизвикува инфекција со ковид-19.

„Тестот добил одобрение од низа локални медицински институции и е лиценциран од страна на Министерството за здравство на Турција“, рече Куртулмус.

Истакнувајќи дека се покажало како уринарниот тест е многу посигурен од другите видови кои постојат на пазарот, Куртумус рече дека научниот труд за тоа ќе биде објавен во меѓународно научно списание.

„Наша цел беше да направиме тест кој луѓето ќе можат да го користат за тестирање на коронавирус на што посигурен, побрз и побезбеден начин“, рече Куртулмус и додаде дека тоа е прв уринарен тест за коронавирус.

Извор: Агенција Анадолу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот