Турција ќе апси Курди за немирите од 2014 година
Турските обвинители издадоа налози за апсење на 82 лица, вклучително и голем број поранешни прокурдски пратеници, како дел од истрагата за немирите предизвикани од Курдите пред шест години, објавија денеска турските државни медиуми.
Во тридневните судири што се случија на почетокот на октомври 2014 година, беа убиени 37 лица, а стотици полицајци и цивили беа повредени.. Тогаш, водачите на прокурдската Народна демократска партија (ХДП) повикаа на протести поради, како што оценија, турската поддршка за екстремистите од терористичката Исламска држава.
Најмалку 18 осомничени се уапсени во истовремени полициски рации во седум провинции, јави Анадолија.
Меѓу нив се Ајхан Билген, градоначалник на источниот град Карс, шест поранешни пратеници на ХДП и други поранешни лидери на партиите.
Засега не е јасно зошто истрагата против 82 лица не беше покрената пред шест години, веднаш по немирите.