Турција најави соработка со Египет за обнова на Газа

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Турција е подготвена за соработка со Египет за обнова на Газа, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по првата посета на земјата од 2012 година.  Ердоган вети дека на краток рок ќе ја зголеми трговијата со Египет на 15 милијарди долари.

На заедничката прес-конференција по разговорите со претседателот Абдел Фатах ел-Сиси во Каиро, Ердоган рече дека хуманитарната трагедија во Газа била на врвот на агендата на нивните разговори.

Посетата означува голем чекор кон обновата на односите меѓу регионалните сили, чии врски се распаднаа поради воениот удар во Египет во 2013 година и неговите последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот