Турција: Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот

Фото: МИА

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот, изјавил за светските агенции неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.

Според него, во телефонски разговор со шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен, Фидан ги осудил континуираните „гнасни напади“ врз Куранот.

Тој му рекол на Расмусен дека е неприфатливо да се дозволат такви акции под превезот на слободата на изразување.

Припадници на данската ултранационалистичка организација „Патриоти“ на 21 јули запалија копија од Куранот и ирачко знаме пред ирачката амбасада во Копенхаген, а нивната акција ја пренесуваа во живо на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот