Турчинка на 101 година го победи коронавирусот: Влезе во болница со кашлица, замина со аплауз (ВИДЕО)

Фото: Profimedia

Кај старицата подобрување имало веќе седмиот ден, намалена и е температурата, а дишењето нормализирано.

Нази Онлук, 101 -годишна жена од Турција го победи Ковид-19 и е отпуштена од болницата Картал Лутфи Кирдар во Истанбул.

Онлук пред 9 дена е примена во болницата поради кашлица и отежнато дишење, а спроведените тестови покажале дека е заразена од коронавирус.

Сепак, успеа да ја победи болеста, па од болница излезе со аплауз.

Главниот лекар Реџеп Димирхан изјави дека во таа болница помош им е укажана на околу 2.000 пациенти, од кои 1.400 се пуштени од болница.

Демихран рече дека Нази Онлук е една од тие пациенти.

„Оваа жена има 101 година. Пред девет дена побара помош жалејќи се на кашлица и нарушено здравје“, рече Демирхан кој додаде дека во поликлиниката и е укажана помош, направено е тестирање на Ковид-19 и дадени соодветни лекови.

Кај старицата подобрување имало веќе седмиот ден, намалена и е температурата, а дишењето нормализирано.

Според неговите зборови пациентката немала дополнителни хронични заболувања, како дијабетес или срцеви проблеми.

„И лековите значително придонесоа. Многу е важен и силниот имунитет. Покрај тоа и додовме и висока доза витимин Ц. И тоа е ефикасен елемент во текот на терапијата“, рече Демирхан кој додаде дека во текот на третирањето на пациентката користена е и терапија со кислород.

Нагласи дека пациентката е пуштена под услов да ги почитува мерките на домашна изолација и другите мерки пропишани од надлежните органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот