Тројца исчезнати, 18 повредени во експлозија на електрана во Русија

Експлозија во топлана во Русија / Фото WillWest News / Profimedia

Три лица се сметаат за исчезнати, а 18 се повредени во експлозија во котларата на електраната и топланата Шагонар во оддалечениот регион Тува во Русија, соопшти денеска регионалниот шеф Владислав Ховалиг.

„Шест лица се во тешка здравствена состојба“, напиша Ховалиг на апликацијата за пораки Телеграм.

Пожарот кој избувна во зградата е локализиран и ставен под контрола.

– Нема пријавени смртни случаи, а причината за несреќата допрва ќе се утврдува, наведе Ховалиг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот