Триесетдневен притвор за Јахи Јахиу

На државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахиу, одреден му е 30 дневен притвор, поради опасност од бегство и повторување на делото пренесува 24.мк. Тој е обвинет дека наместил тендер вреден 1,1 милион евра.

Доверливи тендерски информации државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахја ги наплатил речиси 38 000 евра. Пред да биде доделен ИПА проект вреден 1,2 милиони евра Јахја и уште една колешка – раководителка, детално ги информирале заинтересираните фирми кои потоа го добиле тендерот, велат од обвинителството.

„Постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд во Скопје, го уважи предлогот на Обвнителството и му определи 30 дневен притвор на осомничениот Ј. Ј. вработен во МИОА, по член 165, став 1 и 3 од Законот за кривичната постапка“, велат од Кривичниот суд

Инаку Јахиу е кадар на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот