Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Три победи на македонските тенисерки за полуфинале во „Били Џин Кинг купот“
Женската тениска репрезентација на Македонија триумфираше во последното трето коло против Јужна Африка со 2:1 и успеа да се пласира во полуфиналето на „Били Џин Кинг купот“.
Препорачано
Во рамките од групата „Ф“ Македонија го освои првото место, пред Јужна Африка, Боцвана и Уганда.
Во првиот дуел во поединечна конкуренција Магдалена Стоилковска во два сета со 6:2 и 6:0 беше совладана од Хајке Јансе Ван Вурен, а потоа нашиот прв рекет Лина Ѓорческа со идентичен резултат триумфираше над Шанел Симондс.
Победникот во овој меч го решаваше играта во двојки каде Ѓорческа и Стоилковска со пресврт стигнаа до победа од 2:1.
Првиот сет им припадна на тенисерките од Јужна Африка, Илајз Хатинг и Шанел Симондс откако славеа со 6:3. Во продолжението нашите тенисерки бодрени од скопската публика двата сета ги решија во своја полза со 6:3 и 6:3 и на Македонија и го донесоа клучниот поен за пласман во полуфиналето.
Нашите најдобри тенисерки в петок (8 јули) против Косово ќе играат за место во финалето и борба за промоција во повисок ранг на натпреварувањето.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21сек
-
43мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5