Три лица нападнале таксист, при приведувањето повреден и еден полицаец

Полициски службеници привеле тие лица, од кои едниот малолетник, кои нападнале такзи возач, а потоа и еден полицаец при самото приведување, информира МВР.

-На 23.10.2019 околу 22.00 часот во полициската станица во Кичево биле приведени С.Ј.(24), А.А.(18) и 16 – годишен малолетник, сите од Кичево. Претходно, тие околу 19.40 часот на патот од селото Србјани кон Македонски Брод, кај селото Издеглавје, физички го нападнале такси возачот А.Г. и му го одзеле возилото „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, со кое ги превезувал од Охрид кон Кичево- наведуваат во соопштение од МВР.

Веднаш по пријавување на настанот биле преземени мерки од страна на полициски службеници  и за кратко време лицата биле пронајдени и приведени. При преземањето дејства, со повреди се здобил еден полициски службеник.

По целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот