Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и дете

Три лица, од кои едно дете пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници вчера на територија на цела држава.

Четириесет и тригодишен маж пријавил дека бил каснат од куче скитник во двор на основно училиште „Толи Зордумис“ во Куманово.

„На 30.10.2023 во 16.15 часот во СВР Куманово, Б.И. (43) од Куманово пријавил дека во двор на основно училиште „Толи Зордумис“ во Куманово бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

Куче скитник каснал тинејџер во Драчево.

„На 30.10.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Драчево, Л.Б.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник“.

Во Тетово пак, триесет и четиригодишен пријавил дека неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

„На 30.10.2023 во 11.40 часот во СВР Тетово, 34 – годишниот тетовец В.С. пријавил дека во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот